4-ти ден СП Бразил... Историја, новитети, повторно пресврт
Четвртиот ден се остави зад нас на глобалната планетарна преокуација, фудбалскиот Мундијал. И натаму она што го прави квалитетно ова првенство е отвореноста и офанзивната претстава која ја нудат репрезентациите, без респект кон фавотитите, кои пак тешко се издвојуваат како такви.

Четвртиот ден се остави зад нас на глобалната планетарна преокуација, фудбалскиот Мундијал. И натаму она што го прави квалитетно ова првенство е отвореноста и офанзивната претстава која ја нудат репрезентациите, без респект кон фавотитите, кои пак тешко се издвојуваат како такви.
Карактеристика на четирите дена и 11-те досега одиграни натпревари е што сеуште немаме видено реми, што за првпат се случува од годината 1950-тата како се воведува игра по групи. На добар пат е бразилскиот мундијал да се запише доколку се продолжи со ваков голгетерски интензитет како најефикасно. До сега 38 пати голманите ја ваделе топката од својата мрежа, споредбено со Јужна Африка пред 4 години во овој период беа избројани само 18 прецизни погодоци.
Вчерашниот ден вклучително со влезот во денешниот, донесе три средби со победи на Швајцарија, Франција и Аргентина, онака како и хартијата велеше, но не беше лесно на ниту една од трите. Швајцарија и Еквадор го имаа воведот во денот и првото отворање на мечевите од Е групата. Славеа швајцарците по пресврт кој стана некако карактеристика на секој досега изминат ден. Поведе Еквадор во 22 минута преку Валенсија. Швајцарците немаа ваков контрола на настаните, па во едно мачно прво полувреме не успеаа да направат ништо повеќе. Во вториот дел конечно се соземаа и брзо изедначија, па по три минути игра и голот на Мехмеди се доаѓа на 1:1. Кога веќе сите го гледаа првото реми на шампионатот во трите судиски плус минути, Сеферовиќ носи стартна швајцарска мотивирачка радост.
Целината во групата Е ја направија Франција и Хондурас, натпревар на кој за првпат се примени и новитетот на светското, каде комјутерет одлучува и одлучи за гол. Франција конечно со погодок на отворањето на мундијалите по три светски. Бензема го имаше главниот збор на натпреварот, со двата постигнати гола, крајот на првиот дел преку пенал, и третиот на 20 минути дофинишот на дуелот. За премиерниот меч тој ќе каже дека не се битни само трите бода, ами како е дојдено до нив... Технологијата ја олесни судиската задача и скрати маките на докажување за вториот запишан француски погодок, кој инаку оди заведен како автогол на Ваљадарес.
Ф групата се отвори на убавицата Маракана, на која свое деби на мундијалите запиша Босна и Херцеговина и тоа ни помалку ни повеќе со Аргентина. Беа поразени момците на Сфет Сушиќ, но не и надиграни и посрамотени од големит противник. Напротив, водството кое ќе се запише како најбрз гол на светското или најбрз автогол на шампионатите значеше во третата минута веќе водство за Аргентина. Овој дуел го прекина и 8 годишниот мундијалски голгетерски пост на Меси, кој го постигна условно единствениот погодок за аргентинците за 2:0. 10 минути по убавиот прецизен шут на капитенот на Аргентина, босанците го запишуваат своето светско првенче, историјата ја бележи Ибишевиќ.
Денешниот петти мундијалски ден во колоритната земја, носи повторно три окупирачки настани. Првиот, уште една европска убавина за фудбалските гурмани, Германија-Португалија во 18 часот јасно, единствено и ексклузивно на МРТ еден. Потоа следи во 21 Нигерија-Иран и буквално на крајот од денов на полноќ стартуваат на шампионатот Гана-САД.
