предизборие

Автобусите на ЈСП – арена на физички пресметки

09.03.2024 16:06

Недолична партиска реторика во служба на насилства во автобусите. ЈСП ги прозва политичките партии и МВР да превенираат, политичарите пак своите поддржувачи да се однесуваат европски. Граѓаните сами со надежта дека насилството во предизборието ќе биде само минато...

Ваквата безбедност се чини се доведува во прашање пред секои избори кога случаите за тешко повредени во тепачки во автобус, за направени големи штети како да зачестуваат.

„Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ“, велат од ЈСП.

По апелот на ЈСП, МТВ ги праша политичарите. Од СДСМ велат дека има нова инцијатива за постојан видеонадзор во автобусите која според нив за разлика од поставениот систем во 2013-та ќе биде функционален.

Опозицијата ја посочува власта како главен виновник.

Партиите на Албанците и од власта и од опозицијата ги повикаа своите поддржувачи да придонесат за европски изборен процес, без инциденти и насилства,

Се огласија и од МВР, превенираме велат - преку постојано едуцирање на младите во училиштата и тоа за секој вид насилство.

На граѓаните им останува да се надеваат дека никогаш повеќе нема да се повторат немилите насилни настани.

 

Фиљана Кока