свет

Во Хаити бандите ги продолжија насилствата

09.03.2024 18:12

Извршија напади врз неколку владини згради, полициски станици, вклучително и претседателската палата. Целта на криминалните групи е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри...

Нови жртви и повредени по последните насилства на оружените банди во Порт-о-Пренс во Хаити. Извршија напади врз неколку владини згради, полициски станици, вклучително и претседателската палата. Целта на криминалните групи е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри.

Соопштија дека ќе се борат до последната капка крв. Од минатата недела во Хаити е прогласена вонредна состојба поради ескалацијата на насилството, откако вооружените банди упаднаа во затвор и ослободија затвореници.