Руско-украински конфликт
Продолжува борбата со дронови меѓу Москва и Киев
09.03.2024 18:33
Украина жестоко удри врз неколку руски региони. Москва тврди дека пресретнала 47 дрона...

Продолжува борбата со дронови меѓу Москва и Киев. Украина жестоко удри врз неколку руски региони. Москва тврди дека пресретнала 47 дрона. Го возврати ударот лансирајќи 37 беспилотни летала на украинска територија. Соборени се 33 -тврди Киев.
Додека борбите се водат на линијата на фронтот, Турција понуди мировни преговори. Зеленски цврст на ставот дека иницијативата во мировните преговори мора да и припадне на земјата која е нападната.
