ГРЦИЈА
Грчкиот парламент го изгласа законот за отворање приватни факултети во земјата
09.03.2024 18:45
Незадоволните студенти бараат високото образование да остане државно и бесплатно. Тие се судрија со полицијата кога се обидоа да се приближат до парламентот...

По маратонска тридневна расправа во услови на насилни протести и негодувања, грчкиот парламент со 159 гласа „за“ го изгласа Законот за отворање приватни факултети во земјата. Незадоволните студенти бараат високото образование да остане државно и бесплатно. Тие се судрија со полицијата кога се обидоа да се приближат до парламентот.
По серија молотови коктели, камења и разни предмети кон полицијата, силите на редот интервенираа со солзавец и шок бомби, по што беа повредени неколкумина студенти.
