МЗШВ

Настан по повод завршувањето од изградбата на браната Конско

10.03.2024 08:41

На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали...

Денеска ќе се одржи свечен настан по повод завршувањето од изградбата на браната Конско со придружни објекти и акумулација на река Конско.

На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Како што најавуваат од Министерството, по завршување на обраќањата министерот заедно со делегацијата ќе извршат увид на браната Конско.