Поскапуваат становите во Штип
Големата побарувачка на станови во Штип предизвикува раст на цените на станбениот квадрат. Интерес за купување има од поширокиот регион, од странски државјани и од иселениците. Заради скокот на цените на недвижностите во скоро цела држава, Комората на проценители бара измени во методологијата за процена на недвижностите …

Побарувачката на станови во Штип е многу поголема од понудата. Квадратен метар станбен простор чини под 850 до 1200 евра со тенденција да расте. Најмногу се бараат помали станови, дел за живеење, но добар дел се купуваат и за вложување на заштедите. Пад на цената на недвижностите нема да има, но со поголема понуда може цените да се стабилизираат, велат од агенциите.
Поскапувањето на становите делумно е заради поскапите материјали и работна рака, но повеќе е заради големата побарувачка, што создава проблеми при процената на имотот. Комората на проценители бара корекција на методологијата за процена на недвижностите
Во последните три години општина Штип продала осум парцели за изградба на станбени згради, а се гради и на парцели во приватна сопственост. Повеќе недвижнини значи и поголем прилив на даноци во општинската каса.
Славица Величковска
