Одбележување
Комеморативни активности по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи
10.03.2024 08:59
Централните одбележувања ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред споменикот на 7.144 илјади депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол...

Во Штип и во Битола комеморативни активности по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Централните одбележувања ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред споменикот на 7.144 илјади депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол. Обраќање ќе имаат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, техничкиот премиер Талат Џафери и амбасадорката на Израел Симона Франкел.
Почит ќе се оддаде и на Могилата на депортираните Евреи и на Споменикот на паднатите борци од НОБ, на градските гробишта Бутел.
