Украина и Русија без договор за цената за гасот

16.06.2014 12:00

Шансите за постигнување на компромис речиси исчезнаа со зголемувањето на тензиите меѓу Киев и Москва...

Украина и Русија не постигнаа договор за цената за снабдување со гас, а крајниот рок на Украина за плаќање на долгот кон Русија веќе истече.

Рускиот гигант „Газпром“ ја предупреди земјата-должничка дека ќе ја прекине испораката на гас доколку не бидат исплатени 1,95 милијарди долари.

„Главните точки во мојот предлог се ратите. Според него, Украина мора веднаш да и плати на Русија 1 милијарда долари“, изјави Гинтер Етингер, Еврокомесар за енергетика.

Шансите за постигнување на компромис речиси исчезнаа со зголемувањето на тензиите меѓу Киев и Москва. Украина ја обвини Русија за испратените тенкови во истокот на земјата за поддршка на проруските борци.