Русите вршат притисок, Украинците не попуштаат
Продолжуваат и меѓусебните напади со дронови. Украинското воено воздухопловство соопшти дека собориле 35 од вкупно 39 беспилотни летала, лансирани од Русија...

Руските трупи го зголемија притисокот врз украинските одбранбени позиции на истокот на земјата. Битките се водат западно од Бахмут. Продолжуваат и меѓусебните напади со дронови. Украинското воено воздухопловство соопшти дека собориле 35 од вкупно 39 беспилотни летала, лансирани од Русија. Во истовреме, руската војска почна да ги користи новите руски воздушни бомби што ја десеткуваа украинската одбрана и ја нарушија рамнотежата на првите линии.
Неодамнешните видеа од борбите во Доњецк ја илустрираа огромната моќ на овие бомби. Создадени се со претворање на основното оружје од советската ера во лизгачка бомба што може да предизвика кратер широк петнаесет метри. Папата Франциск порача дека Киев треба да најде храброст да се согласи на преговори со Русија за ставање крај на непријателствата.
