САД

Бајден и Трамп со меѓусебни критики и обвинувања

10.03.2024 10:52

Актуелниот претседател и неговиот претходник си упатија меѓусебни критики и предупредувања дека ќе има страшни последици за земјата доколку едниот, односно другиот, влезе во Белата куќа за втор претседателски мандат...

Предизборен митинг во Џорџија на двајцата претседателски кандидати на САД, Бајден и Трамп. Актуелниот претседател и неговиот претходник си упатија меѓусебни критики и предупредувања дека ќе има страшни последици за земјата доколку едниот, односно другиот, влезе во Белата куќа за втор претседателски мандат.

Трамп обвини дека демократите ја претвориле владата на Бајден во свое оружје, а за возврат, актуелниот претседател го нарече Трамп диктатор. Ова е прв пат годинава противниците да водат кампања во иста држава во исто време.