Европа

Обилни снежни врнежи во Италија, вклучен портокалов аларм

10.03.2024 16:49

Обилните снежни врнежи од зафатија поголеми делови од планините околу Торино...

По три месеци благи температури и малку врнежи, долгоочекуваната зима конечно пристигна во цела Италија, а во последните неколку часа бурното време особено ги погоди областите што граничат со Франција. Обилните снежни врнежи од зафатија поголеми делови од планините околу Торино.

Поради снегот кој достигна еден метар во котлината има прекини на електричната енергија и застои на автопатиштата. Портокалова тревога за ризик од лавина е издадена на сите западни Алпи.