Охрид

Опожарен угостителски објект во Охрид

10.03.2024 19:20

Опожарениот објект е лоциран кај градскиот пазар во централното градско подрачје, а пожарот се проширил и на неколку апартмани на горниот кат од деловната зграда.

Рано утрово во Охрид целосно изгоре угостителски објект во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи. Опожарениот објект е лоциран кај градскиот пазар во централното градско подрачје, а пожарот се проширил и на неколку апартмани на горниот кат од деловната зграда. Со брза интервенција на охридските пожарникари пожарот брзо бил локализиран и е спречено негово проширување врз останатите објекти во пазарот.

Од Јавното обвинителство извршија увид на лице место и се издадени насоки за прибирање на докази и наредби за вештачење за да се открие причината за пожарот.