Променливо облачно време
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денес не очекува променливо облачно време.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денес не очекува променливо облачно време. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
