МВР

МВР: 208 санкционирани возачи во Скопје

11.03.2024 08:34

На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 131 санкција...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 131 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.