Холокаустот

Одбележување 81 година од Холокаустот

11.03.2024 08:44

Денеска во Скопје ќе се одржат централните комеморативни активности во спомен на 7 илјади 144-ца депортирани евреи од Македонија...

Денеска во Скопје ќе се одржат централните комеморативни активности во спомен на 7 илјади 144-ца депортирани евреи од Македонија во логорите на смртта. Ќе се одржи и комеморативна вечер во меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје на кој обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски.

Собраниска делегација ќе положи свежи цвеќиња на споменикот на депортираните македонски евреи кај поранешниот монопол. Вчера во Битола се одржа „поворка на живите“ каде што многумина битолчани симболично ја изодеа последната патека на своите сограѓани, 3 илјади и 500 битолски евреи, жртви на Холокаустот.

Одбележување имаше и во Штип. На комеморативната седница присуствуваше и амбасадорката на Израел во земјава Симона Франкел.