Португалија

Демократски сојуз прогласи победа на парламентарните избори во Португалија

11.03.2024 08:51

Лидерот на португалската централнодесничарска партија Демократски сојуз прогласи победа на парламентарните избори ...

Лидерот на португалската централнодесничарска партија Демократски сојуз прогласи победа на парламентарните избори. Не е јасно дали ќе може да формира влада без поддршка од екстремно десничарската Чега, со која одби да преговараат.

Демократски сојуз и нејзините конзервативни сојузници освоија најмалку 79 од вкупно 230 места во Парламентот.

По конечното пребројување на гласовите од странство ќе бидат доделени четири пратенички места.