Сообраќај

220 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд на територија на СВР Битола

11.03.2024 09:52

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 220 возачи, меѓу кои 164 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 24 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за управување без возачка дозвола, 11 мерки за непрописно паркирање.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.