Фудбал

„АС“: Димитриевски има договор од следната сезона да брани за Валенсија

11.03.2024 10:23

Шпански „АС“ пренесе дека веќе е постигнат договор меѓу двете страни и Димитриевски од лето треба да ја задолжи опремата на Валенсија...

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е еден од најпопуларните во овој период во шпанската Примера. Причината за тоа е фактот дека Димитриевки има договор до крајот на сезоната, па во јуни може да пристигне бесплатно во потенцијално новиот клуб.

Информациите на угледниот медиум „АС“ велат дека Димитриевски има договор од следната сезона да брани за Валенсија. „Лилјаците“ ќе го продаваат Гиорги Мамардашвили за кој очекуваат да заработат околу 30 милиони евра, па клубот бара алтернатива. Изборот падна на Димитриевски, кој е бесплатна и многу квалитетна опција, веќе докажана во Примера.

Шпански „АС“ пренесе дека веќе е постигнат договор меѓу двете страни и Димитриевски од лето треба да ја задолжи опремата на Валенсија. За Димитриевски освен Валенсија во претходниот период заинтересирани беа клубови како Барселона, Севиља, Бети