Украина

Руски беспилотни летала повторно ја нападнаа Одеса

11.03.2024 11:14

Напади со беспилотни летала „Шахед“ во регионот на Одеса, нема повредени. Украинскиот Генералштаб соопшти дека жестоки борби се водат во неколку правци, вклучително и во Лиман и Бахмут...

Напади со беспилотни летала „Шахед“ во регионот на Одеса, нема повредени. Украинскиот Генералштаб соопшти дека жестоки борби се водат во неколку правци, вклучително и во Лиман и Бахмут.

Руската армија тврди дека зазеле поповолни позиции долж линијата на фронтот во правец на Доњецк. Францускиот претседател Макрон по трет пат ја откажа посетата на Украина.

Со украинскиот колега Зеленски се согласија да останат во близок контакт. Одложувањето следи неколку дена откако руска ракета падна на околу 500 метри од украинскиот претседател и премиерот на Грција, кои беа во посета на градот Одеса на Црното Море.