Бенифиции за вработените во одбраната
Вработените во одбраната добија законско решение со кое се унапредува нивната положба според специфичните должности. Законот за првпат овозможува за критични професии да се стипендираат и вработуваат кадри без јавен оглас.

По 32 години независност, вработените во одбраната се издвојуваат од администрацијата. Новиот закон овозможува унапредувања и плаќање според заслуги, вработувања без јавен оглас за критичните професии, лицата со потреби и членови на загинати припадници, отсуство на припадниците на Армијата кои се дел од државни репрезентации и подготовка за работа во НАТО.
Со новиот закон и колективен договор, ќе се исплаќа прекувремената работа, дежурствата и стражите, годишен регрес на вработените.
Со новиот закон дополнително ќе се зголеми квалитетот при изборот на кандидати за служба во Армијата и Министерството за одбрана.
„Подобрувањето на условите за работа, вклучувајќи и со новиот закон за вработените, се зголемува интересот за служба, па не е потребно воведување задолжителен воен рок“, велат од одбраната.
Ирина Гелевска
