МВР

Личните карти се подигаат од полициските станици во Скопје

11.03.2024 13:17

Oд денеска МВР во Скопје почна со издавање лични карти во надлежните полициски станици, според местото на живеење.

Лични карти од денеска се подигнуваат од полициските станици во Скопје. Секој граѓанин ќе може да го стори тоа во кој било период од денот, секој ден од неделата. Овој епилог доаѓа по анализата дека доставувањето на документите на домашна адреса не било доволно ефикасно. Марина Стојанова-Тонева известува од една од полициските станици.