Четири лица од Скопје заработија кривични пријави за измама
Двајца се приведени и го признале делото, се трага по останатите...

Четири лица од Скопје заработија кривична пријава за измама при добивање кредит. Се товарат за делата „фалсификување исправа“ , „соизвршителство“ и „поттикнување“.
Двајца се приведени и го признале делото, се трага по останатите.
Делото го сториле минатата година. Еден од нив земал кредит од 19 илјади евра од Стопанска Банка со фалсификувани документи. Со фалс документи завршиле работа и пред нотар од Скопје, при солемнизирање на договорот за кредит, кога станот во сопственост на пријавителот е ставен под хипотека, и тој без негово знаење по однос на земениот кредит станал заложен доверител за кредитот.
Мозокот на кривичното дело за услугата на инволвираните им дал 250 до 300 евра. Тројца од пријавените се познати на полицијата по „тешки кражби“,„фалсификување исправа и пари“ и „измама“.
Наташа Гркова- Петрушевска
