Сечењето на дрвја долж коритото на река Пена, наиде на осуда од екологистите
Сеча на дрвја долж коритото на река Пена. Исечени се високостеблестио децениски дрвја од ЈКП Тетово со образложение дека се чисти коритото. Но ваквата акција наиде на осуда од еколошките организации и граѓаните.

Некогашните раскошни и децениски дрвја долж течението на реката Пена ги нема. Длабоките сенки и заштитата од ерозивните процеси ЈКП Тетово реши да ги испрати во историја со образложение дека презема акција за чистење на речното корито. Но граѓаните и здруженијата со осуда.
Дрвјата со децении го штитеа овој дел од Шара.
Од Еко Герила, велат дека шумата е од суштинско значење за спречување на ерозивни процеси на шарпланинскиот масив. Не веруваат дека ЈКП Тетово имале каков било елаборат, за сечата на дрвјата.
Од ЈКП Тетово, велат дека презеле рани мерки во случај на поплава. Но полицијата ја спречила нивната активност како што кажаа само да ја попречат работата на локалната самоуправа.
Зоран Димовски
