По лична карта во полициска станица
Повеќе не чекајте да ви затропа полицаец на врата за да ви ја донесе личната карта на домашна адреса. Сами треба да појдете во полициската станица според местото на живеење и да го подигнете документот. Ова важи само за личните карти. Пасошите и возачките дозволи се подигнуваат на пунктовите каде што граѓаните се фотографирале...

Фреквентно, без вообичаениот метеж пред полициските станици во Скопје. Граѓаните ги подигнуваат личните карти, без чекање и застој. Велат, процесот се одвива организирано.
„Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, за да си ја подигне готовата лична карта“, порачаа од МВР. Сепак, тоа се однесува само на жителите во главниот град.
Очекувањата се дека со новата постапка ќе се намали досегашниот хаос околу подигање на личните карти, бидејќи досега од едно место се подигаа личните карти на граѓани фотографирани во повеќе базни станици.
Оваа одлуката на МВР следи по анализата дека процедурата на доставување на личните карти во домовите на граѓаните се покажала како нецелосна, несеопфатна и неефикасна.
Што се однесува до забелешката на граѓанин дека не можел да ја подигне готовата патна исправа, за што информираше заменик министерот за внатрешни работи Бојмацалиев, ресорниот министер Тошковски со реакција- „Проверките покажаа дека пропустот се случил во период кога токму Бојмацалиев извршувал задача шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни, како и да не се злоупотребуваа вакви и слични ситуации за дневно политички поени.
Пасошите и возачките дозволи треба да се подигнат од базните пунктови каде граѓаните се фотографирале.
Досега со новото уставно име на државата издадени се милион и 200 илјади лични карти, милион и 400 илјади пасоши и 600.000 возачки дозволи.
Марина Стојанова-Тонева
