Воени разузнавачи спречиле фирма со руски капитал да добие тендер
Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за македонското Министерство за одбрана. Обидот бил пресретнат. Министерката Петровска го потврди случајот.

Македонските воени разузнавачи спречиле руска компанија регистрирана во ЕУ да добие тендер за набавка на специфична опрема, потврдија од Министерството за одбрана. Таа ја поминала првата фаза од тендерот, а потоа драстично ја намалила цената, што го вклучило алармот.
„Понудата на оваа фирма беше речиси иста со другите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, речиси 50 насто поевтина сума и тоа ни го потврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат“, посочи Петровска.
Министерката рече дека по 32 години независност, вработените со новиот закон се издвојуваат од администрацијата и можни се унапредување и плаќања според заслуги, вработувања без јавен оглас за критички професии, лица со потреби и членови на загинати припадници, отсуство за војници спортисти за репрезентација и подготовка за работа во НАТО.
Со новиот закон дополнително ќе се зголеми квалитетот при изборот на кандидати за служба во Aрмијата и Министерството за одбрана.
„Подобрувањето на условите за работа, вклучувајќи и со новиот закон за вработените, се зголемува интересот за служба, па не е потребно воведување задолжителен воен рок“, велат од одбраната.
Ирина Гелевска
