Потпишување на „Студентски манифест“ од парламентарни политички партии
За да се задржат младите во земјава промените треба да почнат од образованието, вели Николовски кој е претседател на Студентското собрание. Со потпишување на Манифест го обврза политичкиот подмладок на партиите да останат доследни на истиот, независно кој ќе формира Влада на претстојните избори, бидејќи реформите мора да почнат веднаш...

Додека многумина нашинци бараат виза повеќе за Германија, 23-годишниот Александар Николовски дипломиран економист, пред неколку месеци се вратил во земјава иако имал можност да остане и да работи според квалификацијата. Во нашите млади има потенцијал, со позитивни промени, би останале во земјава – оптимист е Николовски.
За да се задржат младите во земјава промените треба да почнат од образованието, вели Николовски кој е претседател на Студентското собрание. Со потпишување на Манифест го обврза политичкиот подмладок на партиите да останат доследни на истиот, независно кој ќе формира Влада на претстојните избори, бидејќи реформите мора да почнат веднаш.
Од година на година се намалува бројот на запишани студенти на државниот универзитет. Ако минатата година на УКИМ се запишале 53.821, 10 години претходно биле запишани за 3.000 повеќе или 56.906 студенти.
Александра Велинова
