Полицаецот кој пукаше во свој колега доби крвична пријава
16.06.2014 13:03
Повредениот поради сериозноста на повредите од Клиничката болница Тетово е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде ден потоа им подлегнал на повредитe...

Кривична пријава за полицаецот кој пукаше во свој колега. Тој ќе одговара за неколку кривични дела поврзани со случајот. Триесет и петгодишниот на 13 - ти овој месец во полициската станица во Тетово при проверка на огнено оружје-автоматска пушка испукал кон полицискиот службеник, исто така од Тетово, на кого му нанел прострелни рани во пределот на абдоменот.
Повредениот поради сериозноста на повредите од Клиничката болница Тетово е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде ден потоа им подлегнал на повредитe.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена.
