Холокаустот

Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на депортираните македонски Евреи

11.03.2024 14:58

Бојан Маричиќ денес ја предводеше владината делегација по повод одбележувањето на депортирањето на Евреите од Македонија ...

Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес ја предводеше владината делегација по повод одбележувањето на депортирањето на Евреите од Македонија.

На денешен ден се одбележуваат осумдесет и една година од грозоморните дела на окупаторите кои собрале преку 7200 луѓе, мажи, жени и деца евреи од цела Македонија по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.
Околу 7.200 луѓе биле собрани и испратени во логорот Треблинка, каде што биле веднаш убиени во гасните комори во логорот.
Сеќавањето на овие ужасни, нехумани и брутални убиства служи како симбол на издржливоста на човечкиот дух наспроти неволјата. Тоа е доказ за трајната борба за надеж, слобода и помирување.

Со оддавањето почит ја потврдуваме нашата посветеност на борбата против омразата, фанатизмот и угнетувањето во сите нејзини форми. Високата морална одговорност е солидарност со оние кои страдале и кои продолжуваат да страдаат поради прогон и дискриминација.

Во чествувањето на овој ден, во спомен на жртвите со надеж дека такви злосторства никогаш повеќе нема да се случат. Да се стремиме кон иднина изградена на толеранција, разбирање и почит кон целото човештво.

Денешниот настан е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање-11 Март, Холокаустот на македонските Евреи“. На комеморацијата на депортираните Евреи од Македонија и паднатите борци во НОБ, учествуваа и претставници од собранието на Република Северна Македонија како и претставници од Еврејската заедница.