Политика

Партиите ги кројат пратеничките листи, се вжештува предизборната реторика

11.03.2024 15:07

Партиите во финална подготовка на пратеничките листи. Дел од нив веќе ги објавија носителите во изборните единици. Неизвесно е за петката, во единицата ќе има соочување на лидерите. Власта и опозицијата со спротивставени ставови што претставуваат претстојните избори...

Кој е за европскиот пат, а кој за изолација. Реални погледи на решавање на проблемите, и поголем стандард за граѓаните. Се исцртуваат контурите на изборните кампањи. Се нудат решенија, но и обвинувања. Европскиот пат е иднината на Македонија, нема дилема дека граѓаните направија многу отстапки за тој пат, одговара Христијан Мицкоски на прозивките на неговиот политички ривал, Димитар Ковачевски. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има два концепти, едниот, вели, е тој да продолжи криминалот и корупцијата со Ахмети и Ковачевски, а другиот е реформски со ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето на овие избори е дали ќе продолжиме по европскиот пат и ќе станеме европска држава, со европски стандард или ќе се вратиме назад во изолација и во мрачното минато, вели Ковачевски. Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро, зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ. Ова е единствената можна светла македонска иднина, порачува шефот на социјалдемократите.

Партиите веќе се забревтани на непочната изборна кампања. Изборните листи веќе се пред затворање. Во ВМРО – ДПМНЕ останува да го решат носителот во петката, останатите се познати: Мицкоски, Мисајловски, Ковачки, Николоски Дафина Стојановска. Во СДСМ пак, покрај сигурниот Ковачевски копјата се кршат меѓу Битиќи, Лукаревска, Николовски и Спасовски, но тука се споменуваат и Филипче, Тренчевска и Славјанка Петровска.

 

Миле Ристески