Мигрантите се намалуваат, прифатниот центар кај Гевгелија станува плац за возила
Мигрантите се намалуваат а прифатниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија станува плац за возила со кои се криумчараат. Таква е сликата со овој центар каде во моментов има 14 мигранти. МВР соопшти дека лани во однос на 2022 бројот на мигрантите е намален за 50 отсто …

Едни доаѓаат други заминуваат. Ваква е сликата со мигранти во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ кај Гевгелија кој беше подигнат за време на мигрантската криза. Во моментов таму престојуваат 14 лица кои илегално влегле во земјава.
Земјава со двата прифатни центри „Винојуг и „Табановце“ покажува висок степен на грижа за мигрантите, констатираше Соња Божиновска од Меѓнародната организација за миграција.
За 50 отсто е намален бројот на илегалните преминувања минатата година во однос на 2022 соопштија од МВР. Лани се откриени 13 954 мигранти.
Прифатниот центар „Винојуг“ последниов период стана и плац за одземени возила. 100 тина возила со кои се криумчареле мигранти со месеци се паркирани во прифатниот центар и не се знае нивната судбина.
Ване Трајков
