Невладините организации бараат да се намали бројот на потписи за кандидатури
Независните кои се дел од граѓанските организации, се противат на измените во Изборниот законик поради покачениот цензус за собирање потписи. Велат дека им се вршат неправда и неможност рамноправно да учествуваат во изборниот процес...

Без консултации и јавна расправа, по скратена постапка и спротивно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, најголемите политички партии донесоа измени на Изборниот законик со што ги исфрлија од игра независните кандидати и ги спречија да учествуваат на сите следни избори на локално и на национално ниво, реагираат граѓанските организации, кои на последните локални успеаја да добијат независни советници во повеќе општини.
Измените го зголемуваат прагот на потребните потписи за учество на изборите, од досегашните 1.000 потписи на 1% отсто од запишаните избирачи во списокот. Со ова, на независните кандидатури им се наметнуваа потешки услови за учество на изборите. Организациите бараат да се спушти прагот и да се дозволи подолго време да се собираат потписи, вклучително и на друг места, освен во канцелариите на ДИК.
Обид да се донесат слични измени имаше и пред последните локални, но тоа беше блокирано со амандмани во Собрание. На изборите, независни кандидати добија место во 33 општини, вклучително и во градот Скопје, каде сега ќе биде потребно да се соберат над 4 ипол илјади потписи наместо досегашните илјада.
Игор Панов
