Шведското знаме подигнато пред седиштето на НАТО
„Шведска се врати дома“ – изјави шведскиот премиер Кристерсон на свечената церемонија за пречек на нордиската земја како 32-ра членка на Алијансата...

Со интонирање на националната химна шведското знаме подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел. „Шведска се врати дома“ – изјави шведскиот премиер Кристерсон на свечената церемонија за пречек на нордиската земја како 32-ра членка на Алијансата.
Генералниот секретар Столтенберг додаде дека не планира да го зголеми бројот на членки што користат нуклеарно оружје, ниту да позиционира нови борбени групи во Шведска. Земјата поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.
Нејзиниот влез беше блокиран од Унгарија до крајот на февруари кога парламентот го ратификуваше барањето, а на 5-ти март законот го потпиша и унгарскиот претседател
