Американскиот Сенат со нова резолуција за земјава
Американскиот Сенат предложи резолуција за поддршка за влез на Македонија во ЕУ. Најновата резолуција во Сенатот е на барање на демократскиот сенатор...

Американскиот Сенат предложи резолуција за поддршка за влез на Македонија во ЕУ. Најновата резолуција во сенатот е на барање на демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис.
Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и американскиот државен секретар, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Македонија, без дополнителни билатерални услови.
Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со македонската влада, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Македонија на нејзиниот пат кон Европска унија, се вели во резолуцијата.
Во резолуцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.
