Израел

Рамазан во сенка на продолжените борби

12.03.2024 08:46

Нападите во Појасот Газа продолжија додека северот се соочува со невиден глад, а помошта споро пристигнува...

Нападите во Појасот Газа продолжија додека северот се соочува со невиден глад, а помошта споро пристигнува. На југот во Рафах, додека луѓето се собраа за оброк пред зори за време рамазан, во воздушен напад на израелските сили загинаа најмалку три лица, а десетици се ранети. Израел длабоко напаѓа и во Либан.

Погодени се два објекта на Хезболах како одговор на нападите врз Голанската висорамнина. Шефот на ОН Антонио Гутереш ги повика двете завојувани страни да го почитуваат духот на светиот муслимански месец Рамазан и да ги замолчат пушките. Продолжува војната и во Црвено Море.

САД уништија подводен брод без екипаж и 18 противбродски проектили во областите во Јемен контролирани од Хутите.