Украина

Амбасадорот на Ватикан повикан за „белото знаме“

12.03.2024 08:52

Украинското МНР го повика амбасадорот на Ватикан по изјавите на папата Франциск за „белото знаме“ барајќи да се воздржи од изјави кои поттикнуваат непочитување на меѓународното право ...

Украинското МНР го повика амбасадорот на Ватикан по изјавите на папата Франциск за „белото знаме“ барајќи да се воздржи од изјави кои поттикнуваат непочитување на меѓународното право, и наместо тоа, да испрати сигнали до светската заедница да ги здружи силите за да обезбеди победа на доброто над злото.

Во истовреме, Украина изврши нови напади со дронови врз руска фабрика за гориво во провинцијата Ориол. Позициите на бојното поле се стабилизираат и покрај ограничената помош од нејзините сојузници-тврди Зеленски. Додаде дека според военото разузнавање, руските воени планови не ја вклучуваат само Украина, туку се и против други нации.

„Началникот на одбранбеното разузнавање на Украина даде посебен извештај кој поткрена неколку прашања. Пред се, воените планови на Русија, не само против нашата земја, туку и против другите народи. Заедничката задача на светот сега треба да ја спречи оваа болна фантазија на Путин дека тој наводно има време да ја продолжи војната“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.