Хаити

Премиерот на Хаити се согласи на оставка

12.03.2024 08:57

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри се согласи да поднесе оставка по неколкунеделниот притисок и насилство во земјата.

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри се согласи да поднесе оставка по неколкунеделниот притисок и насилство во земјата. Одлуката доаѓа по средбата на регионалните лидери во Јамајка кои разговараа за политичката транзиција на Хаити.

Премеирот Хенри кој е сè уште заглавен во Порторико, откако вооружените банди го спречија да се врати дома, изјави дека ќе поднесе оставка по формирањето на преоден претседателски совет. Тој ја водеше земјата од атентатот на поранешниот претседател во јули 2021 година. Главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и околниот регион се во едномесечна вонредна состојба, додека полицискиот час е продолжен.

„Откако советот на министри прифати да воспостави преоден претседателски совет, членовите на советот ќе бидат избрани по договор со различни сектори од националниот живот. Владата со која раководам ќе се смени веднаш по формирањето на споменатиот совет“, изјави Ариел Хенри – премиер на Хаити.