ЕУ
Воведени нови правила за политичко рекламирање
12.03.2024 09:01
Советот на ЕУ усвои нова регулатива за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање ...

Советот на ЕУ усвои нова регулатива за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање за да се спречи манипулирањето со информациите и странското мешање во изборите.
Ова треба да им олесни на граѓаните да ги препознаат политичките реклами, да дознаат кој стои зад нив за да можат да донесат одлука врз основа на веродостојни информации.
Овие правила ќе обезбедат целосно почитување на правото на приватност при политичкото рекламирање, како и заштита на слободата на мислење и говор.
