ЦУК

ЦУК: Седум пожари на отворено во изминатото деноноќие

12.03.2024 09:20

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено ...

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.