Дончиќ и Дерозан - играчи на неделата во НБА
12.03.2024 09:32
Минатата недела словенечкиот кошаркар учествуваше на три натпревари со просечни 37,7 поени, 10,3 скока и 10,7 асистенции по натпревар.

Првата ѕвезда на Далас меверикс, Лука Дончиќ е прогласен за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција на НБА.
Минатата недела словенечкиот кошаркар учествуваше на три натпревари со просечни 37,7 поени, 10,3 скока и 10,7 асистенции по натпревар.
Најдобар играч на неделата во Источната конференција е кошаркарот на Чикаго булс, Демар Дерозан.
Американецот одигра четири меча, со просек од 29,8 поени, како и 5,5 скока и 6,3 асистенции по натпревар.
