Велес

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко" за 2024 година

12.03.2024 09:36

Од театарот најавуваат дека ќе ја објават програмата за третото издание на Фестивалот на популарни претстави „5РЕ“ и ќе информираат за првата премиера на Џинот за 2024 година „Вечера за глупаци“...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година.

На прес – конференција што ќе се одржи во фоајето на театарот, најавени се обраќања на градоначалникот на Велес Марко Колев, директорот на установата Сашо Димоски, режисерот Ненад Витанов и актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.

Од театарот најавуваат дека ќе ја објават програмата за третото издание на Фестивалот на популарни претстави „5РЕ“ и ќе информираат за првата премиера на Џинот за 2024 година „Вечера за глупаци“.