Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија

12.03.2024 09:46

Селекторот Кирил Лазаров за двомечот против Романија нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, а неизвесен е настапот на Милан Лазаревски.

Македонската машка ракометна репрезентација вчера ги почна мини подготовките за двата дуели против Романија на гостински терен во рамки на ЕХФ неделата.

Селекторот Кирил Лазаров за двомечот против Романија нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, а неизвесен е настапот на Милан Лазаревски.

Натпреварите против Романија се на програмата на 15 и 16 март во Браила.