Европа

Повторно штрајк во Германија, возовите и авионите закотвени

12.03.2024 11:21

Прекинот на работата поради долгиот и жесток спор со државниот главен железнички оператор околу работното време и платата, наиде на остри критики од министерот за транспорт на земјата.

Во Германија повторно 24-часовен штрајк на машиновозачите од железницата. Возовите ќе функционира со околу 20 насто од регуларниот ред на возење.

Прекинот на работата поради долгиот и жесток спор со државниот главен железнички оператор околу работното време и платата, наиде на остри критики од министерот за транспорт на земјата.

Штрајкува и кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза. За денеска се анулирани сите полетувања од аеродромот во Франфурт, а за утре ќе бидат и од Минхен.

Товарниот сообраќај пак, е запрен уште од вчера.