Косово

Македонско воено возило паднало во канал за наводнување во Косово

12.03.2024 12:39

Синоќа, во текот на вечерните часови за време на извршувањето на задачите во рамките на КФОР во Косово, се случила лесна сообраќајна незгода на македонско армиско возило со незначителна штета и без последици за возачот, информираат од македонската армија...

Синоќа, во текот на вечерните часови за време на извршувањето на задачите во рамките на КФОР во Косово, се случила лесна сообраќајна незгода на македонско армиско возило со незначителна штета и без последици за возачот, информираат од македонската армија.

При редовната патрола на припадници на нашиот армиски контингент, возачот изгубил контрола на возилото поради лошите временски услови при што излетало од патот во канал за наводнување.

Со поддршка на италијанскиот контингент во чии рамки македонската армија ги извршува НАТО задачите во Косово, возилото било извлечено за да биде вклучено во натамошните активности, посочуваат од македонската армија.