Додека се чека екстрадицијата на Палчо, укинат притворот на неговиот возач
Стефан Димовски, осомничениот дека му помогнал на Палчо да избега од земјава, излегува од притвор. Судија на претходна постапка му одреди мерки на претпазливост. Според Кривичниот суд, максимално законски траење на неговиот притвор е три месеци…

Додека јавноста ја чека екстрадицијата на Палевски, на слобода, од притвор излезе човекот кој му овозможил да избега од правдата возејќи го до Турција. Одлуката, на Стефан Димковски да му биде укинат притворот, според соопштението на Основното јавно обвинителство било поради законското возможно траење на затворската казна
„Максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, посочуваат од Обвинителството.
Од Кривичен пак, тврдат дека укинувањето е по предлог на надлежен обвинител
„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, соопштија од Кривичниот суд.
Првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. На 29-ти декември минатата година му беше одреден привремен затвор во Беликсир, Турција. За да стигне до таму Стефан Димковски го возел низ Србија, Бугарија Турција, а беше уапсен на граница кога се врати во Македонија.
Фиљана Кока
