Засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор и говорот на омраза за време на кампањата
Комисијата за спречување дискриминација ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор и говорот на омраза за време на кампањата, не само во медиумите туку и на социјалните мрежи …

Граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни круга на претседателските избори, да можат да гласаат, бара Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од оваа институција повторија дека уште во 2021-ва година, утврдиле директна дискриминација од страна на ДИК и индиректна која произлегува од одредбите на Изборниот законик, врз основа на возраст во остварување на избирачкото право на граѓаните кои помеѓу два изборни кругови во претседателските избори во 2019-та година наполниле 18 години.
„Овие лица заради одредбите од Изборниот законик не биле во можност да го остварат уставно загарантираното право и да гласаат во вториот круг на претседателските избори. Воедно, Комисијата на 13 септември 2021 година утврди индиректна дискриминација по основ на возраст, личен статус, здравствена состојба, во областа на остварувањето на избирачкото право на граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи“, изјави Игор Јадровски, претседател на комисијата.
Освен за нив, од Комисијата потенцираа дека со измени на Изборниот законик треба да биде решено гласањето на од дијаспората и сите други кои не се доведени во еднаква положба со другите.
Известува Марина Стојанова-Тонева
