Компаниите бараат реформи на средното стручно образование
Компаниите излегоа со листа на потребни профили кои ги нема на пазарот на трудот...

Странските и домашните компании бараат реформи на средното стручно образование. Имаат потреба од квалификувана работна сила со соодветни технички вештини и излегоа со листа на потребни профили кои ги нема на пазарот на трудот.
„Ако за заживување на земјоделството оваа држава издвојува 120 милиони евра годишно, нема причини за развојот на младите и стручни кадри да не бидат издвоени соодветни средства да им се помогне на компанитите своите млади луѓе да ги подготват за вработување“, изјави Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора.
„Советот смета дека во иднина треба да се инвестира во соодветно образование со цел младите луѓе да се здобијат со вештини кои им се потребни на македонските и на нашите фирми“, истакна истакна претседателот на Советот на странски инвестиции Хуан Педро Хименез Наваро.
Предложени се низа мерки меѓу кои стажирање во компаниите во текот на целата година, пробен период од 3 до 6 месеци и воведување субвенции за вработување млади стручни кадри.
