Насилството врз здравствените работници зачестена појава
Зачестува насилството врз здравствени работници – ова се оценките на европски ден за подигнување на свеста. Делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор. Здравствениот кадар со став-речиси секој од нив бил вербално нападнат, а дел и физички...

Матичниот лекар Бојан Трајковски се чувствува безбедно кога е во својата амбуланта, но не и кога дежура во ургентен центар. Вели, не може да се најде лекар кој не бил жртва на вербално насилство, има и такви кои биле и физички нападнати. Според него, главен проблем е немањето трпение.
Вели чекањето ред за преглед не е само проблем во Македонија, се чека и во Германија.
78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80% биле изложени на вербално насилство, додека 6.8% доживеале физичко насилство. Речиси 70% од нападите воопшто не се пријавени, покажува анкетата на Лекарската комора направена пред две години.
На иницијатива на Лекарската комора лани се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство спрема службени лица и претставува кривично дело, за кое е предвидена казна затвор.
Наташа Јанчиќ-Менковски
