КСЗД: На одредени категории граѓани може да им биде попречено правото на глас
Јадровски побара да се исполнат препораките од донесените мислења откако била утврдена дискриминација врз различни групи граѓани во изминатите изборни процеси на остварување на избирачкото право.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за време на предизборните кампањи ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор на социјалните мрежи и медиумите. Ги повика граѓаните да пријавуваат на нивната веб-страница
„Апелираме до политичките партии, претседателските кандидати, носителите и кандидатите од партиските листи да се воздржат од вознемирувачки говор и говор на омраза во предизборната кампања, со што ќе придонесат изборите да поминат во фер и демократска атмосфера“, изјави претседателот на комисијата, Игор Јадровски.
Јадровски побара да се исполнат препораките од донесените мислења откако била утврдена дискриминација врз различни групи граѓани во изминатите изборни процеси на остварување на избирачкото право.
Во најголем дел се работи за лица кои наполниле 18 години меѓу два изборни круга. Поради одредбите од Изборниот законик тие не можеле да бидат запишани во избирачкиот список и биле спречени да гласаат. Слична ситуацијата и со граѓаните кои биле хоспитализирани во здравствените установи
Според претставките доставени до нив, станува збор за околу 7.000 лица на кои им било скратено гласачкото право.
Марина Стојанова-Тонева
