Политика

Трајковска: Партиите под притисок од независните кандидати

12.03.2024 14:53

Партиите чувствуваат притисок од независните кандидати бидејќи се плашат дека ќе земат од нивниот колач, поради што сакаат да го ограничат тој простор, за МТВ анализира професорката Трајковска.

Несомнено дека и партиите чувствуваат притисок од независните кандидати бидејќи се плашат дека ќе земат од нивниот колач, поради што сакаат да го ограничат тој простор или да го направат полегитимен - за МТВ анализира професорката Трајковска. Според неа, преку сериозните независни би се деконтаминирал политичкиот ѕид.

Собирањето потписи, еден процент од избирачкото тело во изборната единица не е проблем за реална независна сериозна кандидатура, бидејќи има поголема поддршка во однос на тоа што би го нуделе партиите – вели Трајковска. Вели, поголем проблем се подрачните единици каде што се собираат потписите, бидејќи ги нема во секој град.

Граѓанските здруженија го кренаа гласот, дека партиите на мала врата го зголемија цензусот за собирање потписи за кандидатура на независните. Сега во Скопје за кандидатура наместо 1.000, ќе треба независните да соберат 4.500 потписи.

 

Миле Ристевски